Еден од најдобрите македонски карате клубови Олимпик од Скопје и оваа година ќе го организира меѓународниот карате турнир „Олимпик Опен 2026“. Како и минататите години , така и оваа се очекува овој турнир да привлече голем број на каратисти од регионот и Европа. Организаторот оваа година очекува пријава од над 1000 натпреварувачи од десетина земји кои ќе дојдат на овогодинешното издание на „Олимпик Опен“.

Овој турнир на едно место треба да собере голем број на каратисти во конкуренција на пионери до 14 години, кадети до 16 и јуниори до 18 години.
„Олимпик Опен“ е еден од најдобрите организирани карате настани во нашата земја и ќе се одржи на 5 Април (Недела ) 2026 во СЦ Јане Сандански, а влезот ќе биде слободен.

