Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ на 7-ми и 8-ми април во организација на КК Партизан Водно Санс и семејството Сотирови, ќе се одржи меморијален, млaдински кошаркарски турнир – „FICBALL“. Турнирот се одржува по прв пат во чест и сеќавање на прерано починатиот, млад кошаркар Филип Сотиров – Фиц (1999-2014).
Под мотото „BE THE BEST YOU CAN BE“, на турнирот ќе се натпреваруваат младинските екипи на: Барселона, Фенербахче, Бугарска Национална репрезентација, Партизан Белград, Кајолу и КК Партизан Водно Санс.Турнирот ќе има и хуманитарен карактер, кој ќе се манифестира преку донирање на средства и реквизити во домот за деца без родители „11ти Октомври“, од страна на сите екипи учесници во турнирот.
Целта на настанот е преку промоција на здрав начин на живот, спорт и мулти-културно другарување да оддадеме почит на кошаркарот Филип Сотиров – Фиц, кој беше позитивен пример за млад човек. Влезот е бесплатен.