Кошаркаркиот клуб Работнички АД Скопје излезе со соопштение по инцидентот на мечот со Чаир кога физички беше нападнат еден од играчите на екипата од Градски парк.
„Работнички најостро ги осудува сите видови насилство на терените без разлика од каде доаѓа истото, без разлика дали е тоа предизвикано од нашиот табор, наши навивачи или наши симпатизери или од противничките и без разлика дали е тоа изолирано или организирано однесување! – стои во соопштението.
– На таквите луѓе, постапки и идеи, не смее да им се дозволи да бидат присутни на спортски натпревари! Сите ние треба да сносиме последици за се што правиме на јавните настани пред очите на целата македонска во случајов спортска, јавност! – се наведува во дел од објавата на Работнички.