Македонските преставници во Конференциската лига на УЕФА денес во Нион ги добија можните противници за 2.квалификациско коло. Секако дека ова е значајно само доколку нашите тимови или барем некој од нив, би го елиминирал својот протовник во првотто коло.
Освојувачот на Купот, Македонија ЃП доколку во 1.квалификациско коло успее да го елиминира тимот на РФС Рига од Летонија, тогаш следен ривал ќе биде Сабах од Азербејџан.
Шкендија ако на стартот биде подобра од Хаверфордвест од Велс, тогаш во 2.квалификациско коло во КЛ ќе игра против победникот од двомечот Б36 Торшавн (Ф.Острови) и Паиде (Естонија).
Шкупи, доколку ја мине првата пречка која се вика Хегелман од Литванија, тогаш во следната рунда ќе се сретне со Левски Софија од Бугарија.
Струга ТЛ ако биде елиминирана во ЛШ уште на стартот, тогаш во 2.квалификациско коло во КЛ игра со финалистот од прелиминарната рунда.
Натпреварите од 2.квалификациско коло во ЛК се закажани за 27.јули и 3. август.