Фудбалерите на Шкендија доживеаја елиминација уште во 1. коло од новата сеозна на третото по ранг европско клупско натпреварување, Конференциската лига. Синоќа на гостувањето во Кардиф против екипата на Хаверфордвест, тетовци беа поразени со 1:0 во регуларниот дел од мечот, исто како што победија на првиот дуел во Скопје.
По 120 минути игра немаше победник, па пеналите одлучуваа кој ќе оди понатаму. Подобри пеналџии излегоа домашните кои славеа со 3:2 и обезбедија историски пласман во 2. коло.
Вториот македонски преставник Шкупи, вчера одигра 0:0 на домашен терен против литвански Хегелман, па поради убедливата победа од 5:0 на првиот меч го потврди пласманот во 2. коло каде за противник следната недела ќе го има бугарски Левски.

