Иван Тричковски и АЕК Ларнака ќе се сретнат со екипата на Вест Хем во осминафиналето на Конференциската лига. Со денешната ждрепка во Нион, беа одредени и останатите двојки од оваа рунда.
Во оваа фаза од натпреварувањето интересно ќе биде на две пресметки: Лацио против АЗ_ Алкмар, како и на дуелот меѓу Андерлехт и Виљареал, каде веројатно ќе се бараат и тимовите кои се претенденти за место во финалето.
АЕК Ларнака – Вест Хем
Лацио – АЗ Алкмар
Лех – Ѓургарден
Базел – Слован Братислава
Шериф – Ница
Андерлехт – Виљареал
Гент – И. Башакшехир