Македонскиот шампион Шкендија денеска на ждрепката во Монако ги доби противниците за главната фаза од натпреварите во Конференциската лига оваа сезона. Тетовци добија неатрактивни, но супе-квалитетни ривали.
На трите меча кои Шкендија ќе ги игра како домаќин во Скопје ќе се сретне со Слован Братислава (Свк), Јагиелонија (Пол) и Шелбурн (Ирс), додека на гостински терен ќе има дуели со Рајо Ваљекано (Шпа), Дрита (Кос) и АЕК Ларнака (Кип).
Првата рунда од мечевите во Конференциската лига е на 2 октомври.


