Напаѓачот на Ајакс, Клас Јан Хунтелер ја објави својата одлука дека ќе ја заврши кариерата на крајот на оваа сезона.
„Тој момент доаѓа. Мислам дека ова е моја последна сезона. Да, ќе застанам. Со задоволство ќе продолжам да играм до крајот на сезоната. Што сакам да направам откако ќе ја завршам кариерата? Дали сакам да бидам тренер? Мислам дека ќе добијам диплома, но прво ќе поминам неколку месеци дома со моето семејство. После тоа ќе размислиме за тоа“, изјави Хунтелар за „Воетбал Интернешнл“.
36-годишниот Хунтелар потекнува од школата на ПСВ. Тој се пресели во Ајакс во 2006 година, но го напушти клубот во 2008 година. Во 2017 година, напаѓачот се врати во клубот од Амстердам. Оваа сезона напаѓачот учествуваше на 8 натпревари, а беше автор на три гола.
По 12 одиграни кола во холандскиот шампионат, Ајакс го зазема првото место на табелата со 30 бода.

