Поранешниот англиски фудбалски судија, Марк Клатенберг, вели дека Феликс Брих сосема оправдано покажал на белата точка по стартот на Робертсон врз Калјехон на вчерашниот меч меѓу Наполи и Ливерппул во рамките на Лигата на шампионите.
Иако англичаните жестоко реагираа на одлуката на главниот арбитар кој не сакаше да го искористи ВАР системот туку остана на одлуката, Клатенбург, вели дека Германецот бил во право.
„За жал за навивачите на Ливерпул, тоа беше пенал. Ендрју Робертсон се обиде да ја одземе топката од Келјехон во шеснаесетникот, но, направи контакт со противникот” – изјави Клатенберг за „Дејли Меил”.