Преселбата на Рубен Аморим на клупата на Манчестер Јунајтед може да биде одложена за неколку недели поради отказниот рок во неговиот договор. Според „Дејли мејл“, преселбата на менаџерот на Спортинг Лисабон на „Олд Трафорд“ може да биде одложена за речиси еден месец.
Манчестер Јунајтед се надеваше дека ќе го назначи Рубен Аморим за нов менаџер пред дуелот со Челзи во Премиер лигата овој викенд, откако во понеделникот го отпушти Ерик тен Хаг.
Сепак, „Дејли Мејл“ тврди дека тој можеби нема да може да ја преземе одговорноста пред дуелот со Ипсвич на 24 ноември.
Руд ван Нистелрој ќе биде привремен менаџер на следните четири натпревари на „црвените ѓаволи“ доколку не се постигне некој друг договор со Спортинг Лисабон.
Од португалскиот клуб веќе потврдија дека претставниците на Јунајтед контактирале со нив. Англискиот клуб ќе плати 10 милиони евра обештетување за тренерот, објави претходно Фабрицио Романо.

