Каљари е многу близу до ангажман на дефанзивецот на Ливерпул, Рагнар Клаван. Сумата на трансферот се проценува на 2 милиони евра. Според релевантни италијански медиуми, двата клуба се во напредни преговори за 32-годишниот играч.
Договорот на естонскиот репрезентативец со Ливерпул истекува во јуни 2019 година, а Клоп веќе го одобрил неговото заминување. Клаван најголемиот дел од својата кариера ја помина во Холандија, па потоа играше 4 години во Аугзбург во Германија, пред да направи трансфер во Ливерпул во 2016 година.
Каљари, сепак, мора да побрза да го финализира трансферот, бидејќи италијанскиот пазар ќе заврши денеска во 21 часот.