Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп проговори за плановите на тимот за зимскиот преоден рок.
„Секогаш сме отворени за трансфери, но не треба сега да почнеме да зборуваме за тоа. Ако има можност, ќе ја искористиме. Ако вратата е отворена, ќе бидеме и ние отворени. Не се работи за желба. Се разбира, секогаш сакаме да го направиме тимот подобар. Но, веруваме и во работата на тренинзите дека сепак можеме да бидеме подобри. Да видиме што ќе се случи потоа“, изјави Клоп по успехот од 3:1 над Саутемптон.
Пред почетокот на сезоната Ливерпул купи само тројца нови играчи – Дарвин Нунес, Фабио Карваљо и Калвин Ремзи, а исто така го земаа Артур на позајмица од Јувентус.