Голманот на фудбалскиот состав Ливерпул, Алисон Бекер, се најде на удар на медиумите и навивачите поради големите грешки на дербито со Манчестер Сити со што на некој начин кумуваше на убедливиот пораз.
Токму неговите невешти реакции и додавања во опасната зона, им овозможија на „граѓаните“ да постигнат два гола. Иако по тој пораз неговиот тим практично е отпишан од трката за титулата, тренерот, Јирген Клоп, застана во одбрана на бразилскиот голман.
„Алисон е еден од најголемите професионалци. Зборував со него, многу му тешко, но, тоа е дел од фудбалот“ – потенцирал Клоп.