Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп призна дека би сакал да стане дел од германската фудбалска репрезентација во иднина. Претходно, германскиот стратег рече дека нема да биде вознемирен ако Мајнц, Борусија во Дортмунд и Ливерпул се негови единствени клубови во тренерската кариера.
„Ако еден ден германскиот национален тим ме побара, а бидам слободен, тогаш ќе размислам за понудата. Но, јас не размислувам за тоа токму сега. Имам обврски кон Ливерпул следните четири години и во моментов не сум на располагање за никого“, изјавил Клоп.