Наби Кеита и Роберто Фирмино со нивните голови му донесоа победа на Ливерпул на вчерашниот меч со Порто во Лигата на шампионите и на тој начин ја отворија вратата за наредната елиминациска фаза иако допрва ќе биде реваншот во Португалија.
Тренерот на „црвените“, Јирген Клоп, верува дека неговиот тим може да прикаже подобра игра во возвартниот натпревар и дека ќе го продолжи патот во наредната елиминациска рунда. Тој вели дека победата на „Енфилд“ била сосема заслужена.
„Постигнавме два прекрасни гола. Севкупно имавме навистина добар меч. Атмосферата во Порто ќе биде навистина тешка за нас, но, имаме резултат кој ни дава надеж“ – вели Клоп.