Ливерпул е сериозно заинтересиран за ангажман на младиот напаѓач на Барселона, Усман Дембеле. Самиот Клоп признал дека Дембеле е една од неговите опции за засилување ова лето.
Играчот беше купен од каталонците за 100 милиони евра од Борусија Дортмунд, но генерално неговото претставување во тимот е најблаго речено незадоволително. Барселона размислува за негова продажба во текот на летото, но се очекуваат конкретни разговори со заинтересираните страни.
„Дембеле ако е на продажба, јас сум заинтересиран за него“, потврдил Клоп.