Артур Мело е ново име во екипата на Ливерпул откако доцна синоќа беше потврден неговиот трансфер од Јувентус.
Двата тима експресно се договорија бидејќи Бразилецот не влегува во плановите на тренерот Алегри. Играчот од средниот ред првично ќе настапува како позајмен а Ливерпул има право да го откупи неговиот договор за 37.5 милиони евр.
Со доаѓањето на Бразилецот на „Енфилд“, само се зголеми бројката на фудбалери од Јужна Америка.