Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, се сврна на серијата откази што ги добија неговите колеги во последниов период.
На листата во последниве 10-на дена фигурираат: Јулиан Нагелсман (Баерн Минхен), Брендон Роџерс (Лестер), Антонио Конте (Тотенхем) и Грем Потер (Челзи).
„Тие се навистина фантастични менаџер но, работите некогаш можат да тргнат во насока во која не посакувате. Мораме да прифатиме дека е тоа дел од нашата работа“ – потенцираше Клоп.