Предводникот на новиот шампион на Англија Ливерпул сосема очекувано и заслужено ја доби наградата за најдобар тренер во Премиерлигата. Јирген Клоп е избран за тренер на годината на Островот и го понесе трофејот „Сер Алекс Фергусон“.
Германецот му ја донесе толку посакуваната титулата на Ливерпул во Премиерлигата по цели 30 години, па така успеа на онаа титула во Лигата на шампионите да јд адодаде и оваа во Премиерлигата.
На неговите успеси и оваа награда му честита и големиот Сер Алекс Фергусон, а Клоп даде свој коментар.„Апсолутно сум воодушевен што го добив овој трофеј. Видов кој се пред мене го освојувал трофејот, навистина тука се само големи имиња, и не само од Ливерпул“ рече Клоп.