Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, проговори за повредата на Тиаго Алкантара кој во текот на викендот мораше да го пропушти финалето на Лига купот против Челзи.
Шпанскиот играч за врска беше ставен во стартниот состав на „црвените“, но, при загревањето почувствувал болка. Тијаго денеска ги помина деталните медицински прегледи а Клоп е уверен дека играчот од средниот ред наскоро ќе се врати во игра.
„Бев изненаден бидејќи го гледав целото загревање и не видов ништо. Кога влегов во соблекувалната видов дека Тијаго е на медицинската маса. Нашите физиотерапевти ми рекоа дека чувствува болка во тетивата, што дефинитивно е лоша вести“ – изјави Клоп на прес-конференцијата пред утрешниот меч против Норич во петтото коло од ФА Купот.