Главните стопери во екипата на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк и Џо Гомез, кои се во процес на рехабилитација, можат да го пропуштат Европското фудбалско првенство кое ќе биде во текот на летото, најави нивниот тренер Јирген Клоп.
„Џо не трча, Вирџил почна но, тешко. Не е моја одлука дали ќе учествуваат на Европското првенство. Да бидам искрен, малку е веројатно дека ќе бидат таму поради повредите“ – вели Клоп.
Ќе потсетиме дека Континенталниот фудбалски собир ќе биде реализиран од 11 јуни до 11 јули.