Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, потенцира дека новото засилување Фабињо може да ко искористи на неколку позиции што претставува голема предност доколку некој од играчите се повреди.
„Тој има вештина и став да игра на највисоко ниво на неколку позиции. Може да биде шеска, осумка и двојка. Тоа е кул. Тактички е многу силен и има фудбалска интелигенција. Ние купивме фантастичен играч кој е воедно и неверојатен како човек“ -вели германскиот стратег.
„Мислам дека Фабињо ќе успее да го подигне расположението во соблекувалната. Тоа не може да се каже за многу играчи кои се гледаат како ѕвезди“ – нагласи Клоп во изјавата дадена за официјалниот сајт на клубот.