Германскиот менаџер на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп ги пофали фудбалерите по тешката победа на теренот на Вест Хем со 3:1 во натпревар од 21-то коло во Премиер лигата. Со новите бодови, неговиот тим останува во трката за шампионскиот пехар.
„Одигравме одличен натпревар. Играчите пристапија многу професионално и целосно го контролираа натпреварот. Имавме пред нас сериозен противник“ – вели Клоп.
„Во првото полувреме не создадовме многу шанси, но, во вториот дел имавме добра реализација. Вест Хем е многу добар тим кој може да напредува” – потенцираше Клоп.

