Во пресрет на финалето на Лигата на шампионите во фудбал меѓу Реал Мадрид и Ливерпул, островски медиуми излегоа со интересна статија околу односот на тренерот на „црвените“, Јирген Клоп и спортскиот директор, Мајкл Едвардс.
Според наведенот, тие максимално се респектираат и најчесто додека појадуваат или ручаат заедно, ги разгледуваат детално сите фудбалери. Додека Едвардс ги преферира активностите што му овозможуваат да се движи на трансфер-пазарот, Клоп никогаш не се меша во трансферната политика.
Затоа Мајк Гордон вели дека блискоста меѓу спортскиот директор и Клоп е главното оружје за сегашниот успех на клубот.