Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген клоп, застана зад одлуката на фудбалската асоцијација на Англија да ги прекине активностите во Премиер – лигата како превенција за спречување на корона-вирусот.
„Кажав и претходно дека фудбалот секогаш е најважното нешто, но, денеска, фудбалот и натпреварите немаат големо значење“ – напиша тренерот од Германија на социјалните мрежи.
„Не сакаме да играме пред празни трибини, истовремено не сакаме одложување на мечевите,, но, доколку тоа им помага на луѓето да останат здрави, дури и да се работи за една индивидуа, тука не поставуваме никакви дилеми“ – напиша меѓу другото Клоп.