Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, очекува навивачите на „Енфилд” дополнително да ги мотивираат неговите фудбалери на денешниот меч со Баерн Минхен во 1/8-финалето во Лигата на Шампионите.
„Треба да создадеме вистинска атмосфера и да им олесниме на луѓето. Очекувам неверојатна вечер. Мислам дека атмосферата на трибините може да ни ја даде потребната енергија“ – вели германскиот стартег.
„Тоа што ќе го одиграме првиот меч дома не е предност, за мене нема никакво значење. Ќе има два меча а нашата цел е да одиме со предност на реваншот. Мислам дека нашите навивачи може да влијаат на фудбалери да дадат повеќе од максимумот“ – изјави тренерот на Ливерпул.