Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, се изрази ласкаво за неговиот колега, Жозе Мурињо, кој денеска беше отпуштен од челниците на Манчестер Јунајтед.
Во текот на викендот токму четата на Клоп успеа да го совлада тимот на Мурињо со 3 спрема 1 со што можеби и директно кумуваше на отказот на Португалецот.
„Тој е многу амбициозен човек. Ја има мојата почит поради сите досегашни успеси. Можам да прифатам дека последните неколку месеци беа непријатни за него, но, никој не може да му ги одземе трофеите што ги освоил“ – вели Клоп.