Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп го предупредил Арне Слот дека Мохамед Салах не е „лесен за управување“ во новообјавен документарец. Германецот нагласил дека крилниот напаѓач има тенденција да предизвикува проблеми само кога не е во игра.
Јавниот спор меѓу Слот и Салах доминираше во насловите во последните недели, откако египетскиот фудбалер беше отстранет од тимот за натпреварот против Интер и оставен сам да тренира во Англија. Иако „црвените“ победија од натпреварот од Лигата на шампионите во Италија, вниманието сè уште беше насочено кон исклучувањето на ѕвездата од тимот.
Во новиот документарец на BBC One со наслов „Мо Салах – Никогаш не се откажувај“, подемот на 33-годишникот кон славата е прикажан во поинакво светло. Во емисијата, Клоп признава дека Салах е невообичаен играч за менаџирање, но инсистира дека Египќанецот ќе биде запаметен како еден од најдобрите.
