Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, доколку не успее да го ангажира фудбалерот на Баерн Минхен, Тијаго Алкантара, има резервна варијанта, објавија дел од медиумите во Англија.
Според весникот –„Сан“, менаџерот на „црвените“ ако не успее да издејствува трансфер на Алкантара, тогаш ќе тргне по потписот на Дејвид Брукс од Борнмаут кој е вреден околу 35 милиони фунти. 23-годишниот фудбалер долго време беше повреден и немаше можност да ги покаже вистинските квалитети.
Бидејќи Борнмаут испадна од Премиер-лигата, јасно е дека младиот играч ќе добие дозвола да го напушти тимот. Наводно, за неговите услуги биле заинтересирани и луѓето од Њукасл.