Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, имаше само пофални зборови за Реал Мадрид пред денешниот воведен меч во елиминациската фаза во Лигата на шампионите кој ќе биде одигран во Англија.
„Реал ниту во една секунда не ја губи самодовербата и тоа треба да се научи од нив. Имаат феноменален тренер во Карло Анчелоти“ – вели Клоп.
„Тука се Винициус, Бензема, Родриго, Модриќ, тоа се играчи од светска класа“ – потенцира германскиот тренер пред мечот на „Енфилд“ закажан во 21.00 часот.