Иако фудбалерите на Ливерпул вчера го совладаа Кристал Палас на негов терен со 2 спрема 0 и освоија нови бодови во Премиер лигата, нивниот тренер, Јирген Клоп, јавно посочи дека не е задоволен од играта на младите дефанзивци, Робертсон и Арнолд.
„Мислам дека нашите странични играчи во одбраната можат да понудат уште 70 или можеби и 80 проценти подобри перформанси. Сепак, морам да бидам задоволен од резултатот. Кристал Палас е тим кој има јасен план и знае што прави на теренот. Се обидоа да ни прават проблеми со долгите топки“ – изјави Клоп за „Скај Спортс“.
Головите за Ливерпул кои им донесоа три бода на „црвените“ беа дело на Милнер (пенал) и на Садио Мане.