Тренерот на Ливерпул , Јирген Клоп реагираше на идејата на сопственикот на Челзи Тод Боли , да биде организиран Ол-стар натпревар во Премиер лигата.
„Не сум сигурен дека луѓето сакаат да го видат тоа. Замислете го ова: Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Евертон, Њукасл, сите играчи во ист тим, тоа не е репрезентација, тоа е само северна екипа. И сите момци од Лондон заедно – од Арсенал, Тотенхем,Челзи. Незнам дали навистина го мислел тоа, но биломногу интересно. Не чекаше долго. Кога ќе најде датум за овој настан, може да ми се јави. Но, тој заборава дека во американскиот спорт овие играчи имаат четиримесечни паузи, па се прилично среќни што можат малку да спортуваат во овие периоди. Во фудбалот сè е сосема поинаку“, изјави Клоп за „Скај Спортс“.