Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, на денешната средба со новинарите проговори за утрешниот меч со Бенфика во фазата на елиминации во Лигата на шампионите. Првата средба од 1/4 финалето ќе биде одиграна во Португалија.
„Бенфика е сериозен ривал. Тимот е елегантен и искусен и знае како да дојде до посакуван резултат. Го видовме тоа против Ајакс кога не беа фаворити“ – вели Клоп кој даде детали и околу ростерот.
„Сите се здрави! Кертис имаше мал оток, како и Џоел Матип. Трент Александер-Арнолд тренира 4-5 денови и е подготвен“ – изјави Германецот.