Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, беше презадоволен од фактот што неговиот тим избори финале во Лигата на шампионите. По поразот со 4:2 на гостувањето кај Рома, тимот од Мерсисајд сепак се најде во големото финале на 26 мај во Киев, каде за противник ќе го има шампионот од последните две сезони.
„Натпреварот беше луд. Беше јасно дека тие ќе ризикуваат. Ние ги казнивме со првата контра, но потоа дозволивме гол. Можевме да се браниме многу подобро. Има многу што да подобруваме генерално во одбрана, почнувајќи од нападот“, изјавил Клоп по мечот.