Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, сосема неочекувано најави дека ќе ја напушти функцијата на крајот од актуелната сезона.
Германецот ја мотивираше својата одлука со изјавата дека повеќе нема енергија да продолжи да го води тимот на „црвените“. 56-годишниот Клоп имаше договор до летото 2026 година, но призна дека одлуката што ја соопшти денеска ја донел уште во ноември минатата година.
„Разбирам дека е шок за многу луѓе во моментов но, можам да се обидам да објаснам. Чувствувам дека енергијата ми е при крај. Немам никакви проблем во моментов“ – вели Клоп.

