Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека сите конкурираат за првиот состав и дека никој нема да биде привилигиран. Изјавата доаѓа пред денешниот меч со Челзи во фудбалска Англија.
„Мора да промениме и во моментов вратата за место во составот е ширум отворена за сите. Можеби, се резервирани само 2-3 позиции“ – изјави Германецот.
„Речиси на сите позиции сме под нивото. Навистина треба широко да ги отвориме очите и да го дадеме најдоброто“ – потенцираше Клоп.