Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека доколку тимот ја освои титулата, клубот има намера да ја одржи шампионската парада по секоја цена.
„Навивачите на Ливерпул веќе 30 години чекаат на титула во лигата. Секако, ова не е идеална ситуација за триумф во Премиер Лигата сега, но одлично е што можеме да станеме шампиони. Жално е што нема да можеме да го прославиме освојувањето на титулата како минатата година кога ја освоивме Лигата на шампионите. Не сакам да славам сам на стадионот и да одам дома и да пијам пиво или чаша вода, но главната работа е што ќе ја имаме титулата. Ќе дојде денот кога сè ќе биде како порано. Не е важно дали е во средината на следната сезона, сепак ќе организираме шампионска парада. Кој ќе нè спречи? Трофејот сепак ќе ни припаѓа нам, ние сепак ќе имаме право да се возиме со пехарот низ улиците на градот. Некој мисли дека сме луди? Одлично, немам проблем со тоа “, рече Јирген Клоп во интервју за „Sky Sports“.