Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека победата од 2 спрема 0 во првиот меч со Вилјареал во полуфиналето во Лигата на шампионите не мора да значи ништо за реваншот на Пиринеите.
„Имаме само 2:0, има уште цело второ полувреме во Шпанија. Резултатот е опасен и сега сме како на пауза меѓу две полувремиња“ – вели тренерот на „црвените“.
„Противникот нема да се откаже. Ќе мора да бидеме максимално подготвени за вториот дуел“ – нагласи Германецот.