Ливерпул ќе се обиде да се раздели со петмина фудбалери во наредните 48 часа. Иако преодниот рок е затворен, англиските клубови сепак можат да прават договори до петок до 17 часот по локално време.
Трикот е во тоа што играчите можат да ја сменат клупската средина само со тимови од другите дивизии. Со други зборови – клубовите од Премиер лигата можат да продаваат и пренесуваат играчи во тимови од Чемпионшип и пониските нивоа, како и да привлекуваат во спротивна насока.
Најпопуларното име со кое Ливерпул има намера да се раздели е Хари Вилсон. Неговата цена е 20 милиони фунти.

