Фудбалскиот состав на Ливерпул планира да обезбеди квалитетен голман откако Миноле и Кариус направија премногу грешки во штотуку завршената сезона и не ја оправдаа довербата на тренерот, Јирген Клоп.
Според најавите во медиумите, трансферна цел на челниците од „Енфилд“ ќе биде голманот на Рома, Алисон Бекер како и одличниот чувар на мрежата на Атлетико Мадрид, Јан Облак . Во шпекулациите влегува и името на вториот чувар на мрежата на Барселона, Јаспер Силесен, кој е можеби и најреална опција за екипата на Ливерпул.
Холандскиот интернационалец во редовите на Каталонците има договор до 2021 година, но, тоа нема да ги спечи „црвените“ да започнат преговори за негов ангажман.