Челниците на Ливерпул соочени со тешката повреда на фудбалерот Вирџил ван Дајк кој имаше операција на вкрстените лигаменти, експресно ќе се обидат да пронајдат негова замена.
Според дел од медиумите, трансферна цел на тренерот, Јирген Клоп, е дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали. Токму затоа клубот од „Енфилд“ е подготвен да издвои неверојатни 100 милиони евра и во наредниот летен трансфер период да го обезбеди потписот на корпулентниот играч.
Кулибали во претходниот преоден рок беше трансферна цел на повеќе клубови, но, италијанците не сакаат да го пуштата за сума помала од 100 милиони.

