Тибо Куртоа може да го напушти фудбалскиот состав на Челзи и да се пресели на „Енфилд“, тврди експертoт за трансфери, Џанлука Ди Маркио, во објавата на неговиот блог.
„Сините“ не обезбедија место во Лигата на Шампионите за наредната сезона што значи дека Белгиецот може да биде продаден доколку пристигне добра понуда. Во истовреме, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, сака да пронајде голман од светска класа бидејќи Симон Миноле и Лорис Кариус не ги оправдаа неговите очекувања.
Во меѓувреме се појави вест дека и европскиот клупски првак, Реал Мадрид, е заинтересиран за голманот на Челзи.