Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги сподели своите очекувања за натпреварот од 34. коло во Премиерлигата со Манчестер Јунајтед.
„Ливерпул мора да победи на „Олд Трафорд“. Повеќе од 100 %. Ако не победиме, тогаш ќе ги изгубиме шансите за европско натпреварување. Кога играте во четврток и недела секоја недела, се навикнувате на овој распоред, но секако дека не помага. Ова е тежок предизвик за Манчестер Јунајтед. Во петок и сабота се опоравуваат, а потоа играат повторно. Тие немаат можност да направат тактички промени, но мислам дека не сакаат да го сторат тоа сега.
Не чека тежок, интензивен натпревар. Го гледавме полуфиналето во Лигата на Европа во кое Манчестер Јунајтед ја совлада Рома. Манчестер беше одличен! Особено кога ќе им биде дозволено да играат. Во четвртокот тие само прелетаа низ теренот. Сигурен сум дека Манчестер Јунајтед сè уште смета дека има шанси да ја освои Премиерлигата. И на двата тима им треба победа во претстојниот натпревар, а тоа е добар рецепт за одличен натпревар”, изјави Клоп за „Скај Спортс“.
Натпреварот Манчестер Јунајтед – Ливерпул ќе се одигра утре, недела на 2 мај. Со почеток во 17.30 часот.

