Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп очекува неговиот тим да се врати на победничките патеки мечот со Брентфорд во Премиер лигата.
„ Голем предизвик е да се игра против Томас Франк и Брентфорд од различни причини. Навистина добро им оди. Не сум сигурен дека се 100 проценти задоволни со сезоната“ – вели Германецот.
„ Добро се организирани во одбраната. Имаат брзи офанзивни играчи и играат многу добро во контра напад“ – изјави Клоп пред неделниот меч на „Енфилд“.