Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, го коментираше поразот од 0:4 што Манчестер Сити му го нанесе на тимот во натпреварот од 32-то коло од Премиер лигата.
Германецот ги истакна квалитетите на противникот и порача дека во целиот свет само Манчестер Сити може да го победи неговиот тим на овој начин.
„Имаше многу клучни моменти во играта и Манчестер Сити ги искористи, а ние не. Играта беше отворена, но играчите на Сити размислуваа побрзо, додека немавме подвижност во играта. Тешко е да се игра против Манчестер Сити кога ќе нападнат. Од друга страна, не е лесно да се стане шампион кога Манчестер Сити игра толку добро. Тие се неверојатни. Тие немаат слаб натпревар оваа сезона”, рече Клоп.
Манчестер Сити собра 66 поени и е на второто место, додека Ливерпул со 86 веќе го обезбеди трофејот.