Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане, може да игра на утрешниот меч од Премиер Лигата против Норвич. Сенегалецот се врати во Англија во почетокот на работнава недела откако направи подолга пауза поради учеството на Африканскиот фудбалски куп кога неговиот тим стигна до финалето.
Иако тренира само два дена, состојбата на Мане е добра и тој може да влезе во комбинација за мечот против Норвич, откри менаџерот на тимот, Јирген Клоп, на денешната прес-конференција.
„Садио имаше само две недели одмор, не загуби многу од формата. Тој изгледа целосно подготвен и ќе го имам како опција за утрешниот дуел. Тој имаше слободен ден а потоа тренираше индивидуално“ – рече Клоп.