Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, по вчерашната победа против Манчестер Сити со 3:2 и обезбедениот пласман во финалето во ФА Купот, нагласи дека играч број на теренот бил Садио Мане.
„Тој одигра неверојатен натпревар. Првиот гол што го постигна и желбата да стигне таму беше навистина одлично. Вториот гол беше ремек дело“ – вели Клоп.
„Црвените“ во финалето на ФА купот на Англија ќе играат со победникот од денешниот меч меѓу Челзи и Кристал Палас.