Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп по поразот од Тулуз со 3-2 во Лигата на Европа смета дека поразот е сосема заслужен.
„Ме загрижува што денеска одигравме под нашето ниво. Ова е мојот главен проблем во моментов. Поразот беше заслужен бидејќи ги добија речиси сите решавачки дуели. Имавме премногу ситуации каде што требаше да ја освоиме топката, но не го направивме тоа. Ни дадоа многу голови. Мораме да ги промениме работите и тоа ќе го направиме. Секако дека би сакал да освоевме барем бод, но и тогаш би го кажал истото“, вели Клоп.