Фудбалскиот состав на Ливерпул по 70 години го напушти тренинг центарот Мелвуд и се пресели во новиот модерен објект во Киркби. Тоа крајно емотивно го доживеа тренерот на „црвените“, Јирген Клоп, кој во последните 5 години имаше повеќе причини за радост.
„Навистина измешани емоции, навистина имам измешани чувства. Среќен сум што одиме во Киркби бидејќи знам што не чека, но, тажен сум што го напуштаме Мелвуд“ – вели Клоп.
„Навистина многу ќе ми недостасува Мелвуд кој има посебно место во моето срце, секогаш ќе биде значаен дел од мојот живот, – порача Клоп.

