Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, очекува спектакуларен натпревар против Милан во рамките на првото коло во групната фаза во Лигата на фудбалските шампиони.
„Милан игра одлично во сезонава. По неколку години се врати во ЛШ. Ќе биде тежок натпревар за двете екипи“ – потенцираше Германецот
„Играме во тешка група. Тука се Атлетико Мадрид и Порто. Нашата цел е да освојуваме бодови. Очекуваме така да започнеме“ – нагласи тренерот на „црвените“ пред дуелот на „Енфилд“.